Купување и испорака на производи

Цените на сите производи на HIVETEC се изразени во денари со вклучен ДДВ.

HIVETEC го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената во секој случај може да биде извршена од страна на HIVETEC, доколку се работи за очигледна техничка грешка сторена при впишување на цените на производите. Во овој случај HIVETEC веднаш ќе ги извести Купувачите кои извршиле нарачка а Купувачот во овој случај го задржува своето право да одлучи дали ќе ја откаже нарачката или не. Количините на производите се ограничени. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите. Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на HIVETEC и да направи нарачка во формата “прашај за детали”, телефонски или на маил contact@hivetec.mk Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира финално плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на резервација на нарачката или за потврда на нарачката со рок на испорака што е договорен претходно.

Политика на испорака на производи

Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката. Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 72 часа од моментот на потврдa на нарачката. Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. HIVETEC го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот. Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници Тотал Пост и Еко Логистик. Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката. Доколку нарачката е направена по 16 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда започнува да тече периодот за испорака Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Заедно со приемот на производот/ите задолжително добивате и пропратна документација која се состои од: упатство за употреба, гарантен лист, фактура-испратница, која сте должни да ја потпишете.

Гаранција

Секој производ, купен преку интернет страната на HIVETEC, има соодветен Гарантен лист и гарантен рок одреден од производителот. Гарантниот лист содржи гарантна изјава и гарантни услови кои се обврзувачки за полноважноста на гаранцијата на производот. Гаранцијата нема да важи доколку:

  • Не се достави гарантниот лист или доказот за купување (фискална сметка или Фактура-испратница)
  • Има обиди за поправка на производот од неовластени сервиси
  • Има оштетувања или дефекти настанати при неправилна употреба на производот
  • Има физички оштетувања на производот
  • Гаранцијата на производот не ги покрива додатоците и компонентите кои имаат ограничен рок на траење што е опишано во гарантните услови на гарантниот лист на производот